СРБИЈА Е ПРЕД КАТАСТРОФА: Вучиќ соопшти за 47 починати утрово
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 26 Ноември, 2020
Состојбата со справување со коронавирусот во Србија е лоша.
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека денес е најтешкиот ден за Србија што се однесува до коронавирусот. Вели дека најверојатно секој следен ќе биде тежок.
„Утрово имавме 47 мртви, ќе има уште повеќе луѓе до два. Состојбата во болниците е ужасно тешка“, рече Вучиќ.
Во Србија вчера се регистрирани 7.579 позитивни лица, а 41 лице почина.
Членот на српскиот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон изјави дека ситуацијата со коронавирусот е критична, „дури и на некои места катастрофална“ поради сместувањето на пациентите и смета дека „секако се задоцни со мерките“.Властите донесоа нови мерки за училиштата. Кризниот штаб одлучи дека средните и основните училишта (само повисоките одделенија), како и факултетите, се префрлаат на онлајн настава.
Лошо е во сите балкански земји. Црна Гора воведе полициски час.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.