Србија е со најниска невработеност во регионот, но други две земји се во очајна состојба
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2023
Ако се споредат податоците за невработеноста, Србија е најдобра во регионот, а Косово котира најлошо.
Србија е со најниска невработеност во регионот. Овој податок го објави Светска банка. Но, Косово и БиХ имаат најмногу невработени меѓу државите од Западен Балкан.
Во Косово, држава со 1.739.825 жители, стапката на невработеност е 31,3 отсто, пренесе Радио Слободна Европа. Понатаму, следува БиХ со 3.531.159 жители и со стапка на невработеност од 30,7 отсто. Во Црна Гора, земја со 619.211 жители, стапката на невработеност е 20,1 отсто. Во нашата земја, со 1.836.713 жители, стапката на невработеност е 14,3 отсто. Во соседна Албанија, со 2.829.741 жители, стапката на невработеност е 11,1 отсто, а во Србија, која има 6.834.326 жители, најниска е стапката на невработеност од 8,9 отсто. Инаку, на економски план, за оваа година Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) очекува слабеење на инфлацијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.