Добивај вести на Viber
Сушата што годинава го зафати регионот неповолно влијаше врз целокупното земјоделство во соседните земји. Во најголемата житница, во Војводина, веќе се бројат шетите од сушниот период. Долготрајната суша остави големи последици особено кај пченката. Ова култура на посевите во Војводина е засеана на 759.000 хектари, а годинава родот тежи околу 3,24 тони од хектар, што е за 46 отсто помалку од минатата година. Намалени се приносите и кај другите житни култури. Така годинешниот род од сончоглед ќе биде од околу 295.000 тони зрно, односно за 28,5 отсто од минатата година. Од овој род од сончоглед, очекувањата се дека ќе се произведе 118.000 сончогледово масло. За 25 отсто се намалени и приносите од шеќерна репка. Очекувањата се дека од произведените 2,3 милиони тони сладок корен, ќе се добијат 290.000 тони шеќер.
Оваа година во Војводина од 237.326 хектари, ожнеани се 1,06 милиони тони пченица, односно 4,47 тони по хекатр, што пак е за околу 10 отсто помалку од минатата година, кога лебното зрно било посеано на истите површини. Српското Министерство за земјоделство, смирува дека домашните потреби нема да бидат загрозени и дека лебно зрно ќе има доволно. Годинава Србија планира д извезе околу 560.000 тони пченица. Но проблемот за српските земјоделци во време на голема беспарица, е како да ја извршат есенската сеидба. Земјоделската комора на Војводина веќе побара од Владата на Србија, да донесе Уредба за зголемување на субвенциите за млеко, тов за јунци и свињи. Очекувањата се дека кризата за храна поради намалените приноси, најмногу ќе се почуствува следната година.
Но не само кај житариците, сушата што годинава ја зафати Србија, го намали и родот во овоштарството. Најмногу настрадаа малините и сливите, чии приноси се преполовен. За 40 отсто е намален родот кај јагодите и капините, 30 отсто помалку се произведени цреши. Ваквите намалени приноси, не само што ја зголемија цената на овошјето на пазарите во Србија, туку на високите цени реагирале и европските земји каде што Србија извезува, па веќе го намалиле и увозот на српско овошје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.