Добивај вести на Viber
Србија ќе го раскине договорот со „Алпине бау“, градежната компанија ангажирана во изградбата на Коридорот 10, по објавата на банкротот на австриската компанија, извештаи Новости.
Претпријатието„Ккоридори на Србије“ има добиено официјално писмо од Алпине, со кое се известени зака компанијата оди во стечај и пријавила постапка на реорганизација со стечаен управник, при што е назначен адвокатот на Штефан Рил, пишува Новости.
Со оглед на официјално писмо од Алпине и важечките меѓународни договори, „Коридори Србије“ стекнаа право за постапка со која еднострано го раскинуваат договорот. Таква препорака, пишува Новости, дал надзорот на проектот-компанијата Ептиса.
Сега е потребна согласност на адвокатите, Светската и Европската инвестициска банка и Владата на Србија која на треба да им го одобри на „Коридори Србије“ предлогот за раскинување на договорот.
Стечајната постапка отворена пред судот во Виена и рокот за поднесување на побарувањата истекува на 16 август. Од оваа дата, сите компании во Србија, кои работеле како подизведувачи за Алпине, а не ги наплатиле своите побарувања, треба да поднесат барање и да си ангажираат адвокати, објавува Новости.