Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2023
Владата на Србија соопшти дека денеска во попладневните часови ја откупи озлогласената директива бр. 25 од 27 март 1941 година, со која германскиот канцелар Адолф Хитлер издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција.
Србија ги обезбедила потребните средства за да може еден од најважните документи за целата историја на српскиот народ да се купи денеска во попладневните часови, но сумата не се споменува.
Меѓу другото, овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград, подготвеност да им се предаде делови од територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија.
Содржината на оваа директива резултираше, меѓу другото, со создавање на сите неопходни предуслови за формирање на независна држава Хрватска.