16 Декември, 2025
0.0512

Србија ја зголемува возраста за пензионирање – најголем удар за жените!

Објавено во: Балкан 08 Април, 2014 22:21

Добивај вести на Viber

Победникот на последните избори во Србија Александар Вучиќ со неговиот економски тим спремаат сет мерки кои треба да бидат усвоени веднаш откако ќе биде составена новата српска Влада. Како што тврди српскиот весник „Блиц“, меѓу серијата економски мерки е и зголемување на возраста за пензионирање, а тоа најмногу ќе ги погоди жените. „Има три модела. Првиот е жените да одат во пензија на 63, наместо на 60 години како досега, и тоа е најреално сценарио. Втората варијанта е и жените и мажите да одат во пензија на 65 години, а третата е мажите да се пензионираат на 66, а жените на 64 години. Оваа мерка ќе се применува од 1 јануари 2015 година“, вели изворот на „Блиц“. Меѓу другите мерки што ги планира Вучиќ се скратување на трошоците во јавните претпријатија, а планира и мерки за стимулирање на вработувањата во постојан работен однос. За сите копмании што ќе примат 100 работници, за 70 ќе бидат ослободени од давачки три години. Со оваа мерка планот е да се отворат 50.000 нови работни места во Србија.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени