02 Декември, 2024
0.0251

Србија: Казни за неискористено земјоделско земјиште

Објавено во: Агробизнис, Балкан 20 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

  Во Србија наскоро неискористувањето на земјоделското обработливо и градежното земјиште, ќе се казнува. Српското Министерство за финансии, веќе размислува да направи измени во плаќањето на данок на имот, со што ќе бидат предвидени и вакви казни. Според Републичкиот геодетски завод, во Србија има 884.046 хектари земјоделско земјиште. Од нив, под закуп се издаваат 450.000 хектари обработливо земјиште, а од преостанатите 430.000 хектари дел односно околу 50.000 хектари не се обработуваат. Обично не се обработуваат површините што се со лош квалитет, во напуштени села во југоисточна, и делови од централна и јужна Србија. Од 2007 година се до крајот на септември годинава, од закуп за земјоделско земјиште во државата е остварен приход од близу 170 милиони евра. Според српските агроексперти на овој начин на секој сантиметар земјоделско земјиште ќе има некакво производство, но предупредуваат дека за да се спроведе оваа мерка, прво треба да се заврши земјоделскиот попис во Србија, да се донесе Законот за земјоделски задруги, да се измени Законот за земјоделско земјиште, и да порасне цената на земјоделското земјиште.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.