Србија мора за два месеца да го заврши Коридорот 10 или го губи кредитот!
Објавено во: Балкан 12 Април, 2014 20:00
Ако во рок од два месеца Србија не ги заврши работите на делниците од Коридорот 10, вредни 16,1 милиони евра, постои можност Светска банка да го повлече претходно одобрениот кредит за таа намена.
Кога на Србија пред четири години и беше одобрен заем во висина од 388 милиони долари да ги изгради трасите на Коридорот 10, јасно беше утврдена и динамика по која ќе се спроведуваат активностите како и услови за повлекување на одобрениот кредит. Една од обврските на Србија е до 16 јуни да искористи 40 отсто од заемот. „Проблемот е што во првите години се искористени само 13 отсто, а ние во последната година извлековме уште 22,29 отсто. Сега се наоѓаме на вкупно 35,29% и имаме уште 66 дена да стигнеме до 40%“, вели за „Блиц“ директорот на „Коридори Србија“ Дмитат Ѓуровиќ. Во спротивно кредитот ќе биде неизвесен, па српските власти барале од изведувачите „да уфрлат во петта брзина“ и исклучително да го забрзаат изведувањето на работите. Не постои опасност Србија да плаќа пенали, но има сериозна закана дека средствата можат да бидат стопирани. Она што особено доцни е изградбата на обиколницата околу Димитровград, затоа што градежната фирма на која и биле доверени работите во меѓувреме банкротирала. Инаку, Коридорот 10 поминува и низ Македонија, а на истиот е и делницата Демир Капија - Смоквица која ја гради грчката фирма „Актор“.Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




