СРБИЈА НИ ДОНИРАШЕ НОВА ПРАТКА ВАКЦИНИ: 40.000 вакцини Спутник V денеска стигнаа во Македонија
Објавено во: Македонија 01 Април, 2021 13:52
Во Македонија
денеска пристигна втората донација од Србија. Премиерот Зоран Заев информираше
дека станува збор за два пати по 20.000 дози од вакцината Спутник V, при што
изрази огромна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и
останатиот државен врв.
Рече дека со ваквиот благороден пријателски гест на соседна Србија ќе може непречено во Македонија да продолжи вакцинацијата чиј старт беше вчера. Истовремено, Заев апелираше граѓаните масовно да се пријават за вакцинација, бидејќи единствениот излез од пандемијата е само доколку има огромен број вакцинирани.
– Подготвена е салата „Борис Трајковски“, подготвени се вакциналните пунктови во сите градови и продолжуваме со масовна вакцинација – рече Заев.
Премиерот нагласи дека сите вакцини се сигурни и безбедни, дека не постои причина граѓаните да стравуваат.
Од една вијала на Спутник V може да се вакцинираат 10 луѓе, истакна министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека по отворањето, оваа вакцина треба да се аплицира во рок од два часа.
-Масовната вакцинација со оваа донација од Србија ќе се спроведува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Сега кога се достапни овие вакцини, процесот непречено ќе се спроведува и ќе бидат вакцинирани вработените во државната инфраструктура.
Македонија досега има вкупно 78.000 вакцини, од кои 48.000 се донација од Србија.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




