Добивај вести на Viber
Европскиот совет одлучи да отвори преговори за членство на Србија во Европската унија. Веста на Твитер прв ја објави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе ја потврдат преговарачката рамка за Србија пред почетокот на преговорите во јануари, но без дополнителни услови, изјави во Брисел Ван Ромпуј и укажа дека Советот нема повторно да одлучува за почеток на преговорите туку само ќе ја потврди денешната одлука.
Како што пренесе Танјуг, потпирајќи се на дипломатски извори, тоа може да се случи и пред декември.
На ваквата одлука позитивни очекувања има и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кои и ја честита денеска на Србија одлуката на Европскиот совет за почеток на пристапни преговори со ЕУ.
Претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ-Палма, излезе со своја исјава за српските медиуми. Тој истакна дека денешната одлука на Европскиот совет да ги отвори преговорите со Србија во ЕУ е како што посочи, ветер во грб, и ќе значи решавање на најголемиот проблем во државата- привлекување на инвеститори и отворање нови работни места.
„На Србија и е потврдена европска перспектива и тоа е порака до сите они кои што имаат намера да донесат капитал во нашата држава, а до сега не беа сигурни тоа да го направатЕ“, истакна тој.
Марковиќ смета дека Србија може до крајот на мандатот на Дачиќ да ги заврши пристапните преговори и да стане полноправен член на ЕУ.