СРБИЈА: Расте бројот на бебиња заразени со коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Декември, 2020
Расте бројот на заразени бебиња со коронавирусот во Србија.
Сѐ повеќе бебиња има во белградските болници заразени со коронавирус.
„21 дете се сместени на педијатрија во СВЦ „Драгиша Мишовиќ“, изјави за ТВ „Прва“ управителката на болницата за детски белодробни заболувања, Оливера Остоиќ.
Вели дека најмладите пациенти имаат поблаги симптоми на болеста во споредба со постарите. На оние кои се отпуштени од болницата не им се препорачува да бидат физички активни повеќе од три до шест месеци.
Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа во државата се регистрирани нови 7.804 случаи на коронавирус, а 54 луѓе починале од вирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.