СРБИЈА: Секој трет жител бил заразен со корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Декември, 2020
Секој трет жител на Србија бил заразен со коронавирусот.
Во рок од 24 часа во Србија се тестирани 11.190 луѓе од кои 2.559 се позитивни, а починале 43 пациенти. Во моментов 288 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а низ целата земја се се хоспитализирани 9.728 заразени лица. Стапката на смртност изнесува 0,93 отсто. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 328.619 случаи на коронавирусот, а тестирани се 2.253.975 примероци. Кризниот штаб одлучи на 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија да бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот, јави дописникот на МИА од Белград. Нема да има организиран дочек на новогодишна ноќ, ниту репризи на истатата. По седницата на Кризниот штаб, никој од службените лица не им се обрати на новинарите, но медиумите пренесуваат дека претставници на кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ ги пренеле заклучоците, прецизирајќи дека на 31 декември и 1 јануари, прехранбените продавници и трговските центри можат да работат до 20 часот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.