17 Декември, 2025
0.0451

Србија воведува акцизи на соковите!

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2014 19:56

Добивај вести на Viber

Српската Влада подготвила нов нацрт-закон со кој се предвидува воведување на акцизна давачка за сите безалкохолни пијалоци, со исклучок на минералната вода. Како што објавува „Блиц“, акцизата е предвидено да изнесува од еден до два динари за литар. Акцизата ќе важи дури и за негазирана вода, доколку во неа има додаток, на пример, екстракт од лимон. Новата давачка треба да почне да се пресметува веќе од Нова година. Од 1 јануари во Србија ќе се зголеми акцизата и за течниот нафтен гас, дизелот и биогоривата. И цигарите ќе имаат поголеми давачки. Така специфичната акциза која се наплатува за секоја кутија цигари ќе се зголеми за два динари, а таканаречената минимална акциза, која се утврдува врз основа на растот на цениуте на мало и продажните количества во втората половина од годинава, ќе се зголеми за три динари. Истовремено, српската Влада треба да разгледа и измени на Законот за данок на добивка, со кој даночната стапка по овој основ би се намалила од 15 на 13 проценти. Властите веруваат дека со ваква измена би се придонело за зголемување на интересот на инвеститорите за вложување во Србија. Сите овие измени би требало да бидат усвоени најдоцна до 25-ти декември.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата