Србите ја тужат Црна Гора и бараат 11 милиони евра: Луксузниот хотел „Сплендид“ никнал на српска земја!
Објавено во: Балкан 24 Април, 2015 11:08
Компанијата „Застава“ за возила ја тужи хотелската група „Монтенегро старс“ во чија сопственост е суперлуксузниот хотел „Сплендид“ и бараат 11 милиони евра на име на земјиштето.
Според пишувањето на црногорските медиуми, тужбата е поднесена до Судот во Подгорица, а во неа „Застава“ бара накнада за земјиштето чиј косопственик била уште во социјалистичка Југославија.
Како што се наведува овој спор можеби ќе ја вклучи и Црна Гора, со оглед на тоа дека Владата во Подгорица со продажбата на стариот „Сплендид“ врз себе ги презела сите идни тужби.
Директорот на групацијата „Застава“ Драган Срејовиќ ја потврдил за српски медиуми оваа информација и ја прецизирал дека тужбата ја поднеле на 14 април оваа година!
Ја поседуваме целата докуменатција дека во 60-тите години го купивме тоа земјиште како и докази дека се уредно плативме-вели Срејовиќ.
Косопственикот на „Сплендид“ Жарко Радуловиќ според пишувањето на подгорски „Вјести“ е изненаден од веста за тужбата.
-Не можат да не тужат нас, нека ја тужат државата. Имавме 18 спорови и секој го добивме - вели тој и наведува дека при купувањето на земјиштето од компанијата ХТП „Будванска ревиера“ во купопродажниот договор се заштитиле со посебна клаузула, така што државата Црна Гора врз себе ги презела сите можни спорови во врска со земјиштето.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




