Среда е неработен ден за турската заедница
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016
21 декември - Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21 декември 2016 година (среда), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.