Среде топлотен бран, Мицкоски повикува медиуми на обраќање кое го одржа на отворено
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2025 12:26
„Работата на отворено треба да се одложи од 11:00 до 17:00 часот, кога топлотниот стрес е најголем“ – Ова е наведено во препораките кои Владата ги донесе на предлог на Министерството за здравство.
Препораките ги донесоа вчера, но веќе денеска, и министерот за здравство Азир Алиу и премиерот Христијан Мицкоски самите си ги прекршуваат - Одржаа обраќање за отворањето на новиот здравствен дом во Илинден точно на пладне и истото беше на отворено.
На обраќањата, присутни беа повеќе медиумски екипи со цел извествуање
на јавноста, а тоа се случува во најтоплите делови од денот. Но, Мицкоски и Алиу не се сетија на мерките, при одлуката наместо обраќањата да ги одржуваат наутро или попладне, да ги одржат токму во 12:00 часот.
Освен што настанот се одржа точно на пладне, не беа предвидени ниту новинарски прашања - премиерот Мицкоски, министерот Алиу и градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, одржаа обраќања и си заминаа од бината.
Реакција има и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, од каде се апелира да не се испраќаат екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.
„ССНМ во исто време ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани и обраќања на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи. Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи“, апелира Синдикатот.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




