05 Мај, 2024
0.0342

Срѓан Керим од Хрватска за „Фактор“: Македонската дипломатија ја загуби битката, Заев е најмалку одговорен за тоа

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Срѓан Керим, дипломат со повеќе од дводецениско искуство во мултилатералата, од својот дом во Опатија, Хрватска, во своето гледиште за актуелната политичка ситуација за „Фактор“ вели дека самите процеси природно наложуваат по подолго време Македонија да направи исчекор кон ЕУ и НАТО.

- Македонија е пред голем предизвик и конечно треба да ја реши дилемата дали сака да ги оствари своите стратешки цели, сакаме тоа да си го признаеме или не. Сега мора да ја решиме дилемата дали сакаме да членуваме во овие сојузи или да тргнеме по друг пат, но сметам дека тој друг пат не би бил вистински пат, бидејќи нема да понуди ништо на безбедносен, политички и економски план. Јасно е дека досегашната дипломатска битка е изгубена, а најголем пораз мислам дека беше добропознатиот пресврт во 2008-ма. Од тогаш имаме повеќе работа со ЕУ и НАТО, а помалку со Грција - вели поранешниот амбасадор во Германија, Швајцарија и Лихтенштајн, како и претседател на 62-то Заседание на Генералното собрание на ОН.

Договорот е неизбежен 

Во последно време политичари и аналитичари тврдат дека своевремено Македонија ќе загубела помалку на своја сметка доколку порано ги прифатела барањата на Грција. Керим се согласува дека теоретски тоа е така, но дека практично шасните тоа да се оствари би биле помали поради поголемиот национализам и пластот на други отворени и недорешени проблеми.

- Сметам дека во 2005-та имавме најоптимални шанси со побезболни штети отколку сега, но тогаш имавме други прашања за решавање. По мое лично искуство, во 2001-ва, кога јас бев министер за надворешни работи, го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и тоа до сега беше единствен позитивен исчекор кон интеграциите.Треба истовремено на сите да им е јасно дека не постои идеално име кое можеше да се одбере. Еве јас како личен пример, како постојан Претставник на Република Македонија во Обединетите Нации во Њуjорк во периодот 2001-2003 успеав таму да го регистрирам македонскиот јазик, за што сметам дека од сегашен аспект дадов придонес тој да се сочува на хартија, а подоцна како претседател на собранието на ОН ја споменав Македонија под уставно име, за што бев опоменат, но на крајот се сведува се на тоа дека треба да има договор со Грција. Ние долго време ја игнориравме Грција и мислевме дека со нејзино заобиколување може да ги оствариме целите. Но, тој е најстар член на НАТО во регионот и природно е ние политички да се држиме со нив и тие да бидат, на некој начин, наш адвокат - вели номинираниот кандидат за Генерален секретар на ОН од страна на претходната Влада во 2016-та.

Не е коректно се да се префрли на еден грб

Керим вели дека целокупната одговорност за постигнатиот договор за предлогот „Република Северна Македонија“, за чие прифаќање допрва треба да се гласа на референдум, не треба да се префрлува само на еден или двајца поединци, или на одредена конкретна власт.

- Премирот Зоран Заев е најмалку одговорен. Она што сега се случува е резултат на акумулирани грешки и пропусти последните 25 години, особено со антиквизацијата, од страна на досегашните раководства на РМ. Не е коректно се да се префрли на негов грб - вели Керим.

Керим вели дека не размислува за постојано да се пресели во Хрватска.

- Јас навраќам во Скопје, но овде во Опатија климата е многу погодна за моето здравје - додава Керим.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско