Српска лекарка објаснува колку време сте безбедни по прележана корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Декември, 2020
Прво се сметаше дека имунитетот после прележана корона трае најмалку 3 месеци, за потоа да се смета дека ИдГ антителата подолго не штитат, вели српската лекарка Марија Гњатовиќ, истражувач на Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП).
Нагласила дека има и такви кај кои имунитетот се губи, како и дека тоа е најчесто случај кај лица кои имале асимптоматска форма на вирусот или многу блага клиничка слика.
„Од почетокот на епидемијата тестиравме повеќе од 25.000 луѓе, од кои 1.000 ги следиме во склоп на студијата и се покажа дека повеќето од заболените од Ковид во текот на март се уште имаат антитела. Вчера овде беше жена која боледуваше во март и нејзиното ниво на антитела е исто како кога беше установено дека развила имунитет после инфекција. Ако природно стекнат имунитет трае во повеќето случаи еве веќе седум месеци, и тоа без значаен пад на ИдГ телата, немаме причина да не веруваме дека тие луѓе од Ковид 19 ќе бидат заштитени скоро една година“, објаснила Гњатовиќ.
Вели дека не е дури ни правило имунитетот да исчезне кај сите кои и не знаејќи прележале вирус или многу лесно го пребродиле. Напротив, рече дека станува збор за помал број случаи, но и тие имаат друга имунолошка меморија.
Во Србија, во последните 24 часа, се потврдени 7.802 нови случаи на коронавирус, а 61 лице починало. На апарати за дишење се 288 лица, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Тестирани се 22.243 примероци, а хоспитализирани се 7.726 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.