Српски професор излезе со предвидување кога ќе заврши третиот бран на коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Ноември, 2020
Крајoт на третиот бран ќе биде на четврти јануари, вели професорот Петар Кочовиќ.
Тој со месеци го следи ширењето на коронавирусот во Србија, но и низ целиот свет.
Најновите предвидувања се за Европа. Крајот на третиот бран, се предвидува за почетокот на јануари 2021 година.
„Бројот на заразени лица во Европа не опаѓа, тој варира на 280.000-300.000 неделно. Околу 43% од новите случаи во светот се во Европа. „Цела Африка има помалку од 5.000 случаи, Кина има околу дваесетина нови случаи на ден во последните три месеци, а Кина е Европа и пол според бројот на жители“, вели Кочовиќ.
Бројките во Србија продолжуваат да растат, односно бројот на новоинфицирани на 100.000 жители расте во последните две седмици.
Тој претстави табела со пресметка, според која датумот на крајот на пандемијата е „од 21 август до 4 јануари 2021 година“.Во последните 24 часа 15.061 граѓани се тестирани во Србија, од кои 5.067 се заразени. Починаа 38 пациенти, а има 216 пациенти на респиратори во болници низ Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.