17 Декември, 2025
0.0505

Српскиот бизнисмен Милан Беко застрелан со два куршуми в стомак

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2014 18:44

Добивај вести на Viber

Познатиот српски бизнисмен Милан Беко попладнево е застрелан со два куршуми во стомакот, јавуваат српските медиуми. Нападот се случил пред неговиот дом во белградската населба Сењак. Беко итно е префрлен на Ургентниот центар и операцијата е во тек. За сега нема информација за неговата состојба, ниту кој пукал во него. Милан Беко важи за еден од најбогатите луѓе во Србија. Моќниот бизнисмен е и поранешен српски министер за приватизација. Вредноста на неговиот имот никогаш не е точно проценета, но неговото име се поврзува со сопственост во неколку големи српски компании. На интернет страницата на бизнис клубот „Привредник“, во кој е член Беко, тој се споменува како претседател на инвестициската холдинг компанија Ладерна. Неодамна водеше интензивни преговори со српската Влада за да биде именуван за нов директор на српската Железница, но преговорите пропаднаа кон крајот на минатиот месец. Според информациите во српските медиуми, Владата се откажала од неговото назначување откако се утврдило дека тој е поврзан со преку 40-тина фирми од Србија, Панама, Шпанија, Швајцарија и Луксембург, меѓу кои и такви кои се отворени во оф-шор зони, а во неговата мрежа се наоѓале и неколку банки. Името на Милан Беко неодамна се споменуваше и како еден од најголемите должници за данок во Србија. Тој се најде на т.н. „црна листа“ на српската Даночна управа како сопственик на белградското пристаниште, со даночен долг од речиси една милијарда динари (околу 8,3 милиони евра). Член не на Советот за унапредување на економските односи меѓу Србија и Италија. Оженет е и татко на четири деца.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата