Добивај вести на Viber
Наставниците од Србија утре излегуваат на протести. Попладнево српскиот Сојуз на синдикатите на просветните работници најави целодневех штрајк. Според претседателот Драган Матијевиќ, штрајкот не е за плати и пари, туку за работни места.
Како што пренесуваат српските медиуми, просветните работници се жалат дрка Министерството за образование, наука и технолошки развој се обидува да го намали бројот на наставници за околу 600 лица.
„Ова е предупредувачки штрајк бидејќи во септември ќе биде доцна. Ако сега не се солидаризираме со колегите, утре ќе нема кој да се солидаризира со нас“, нагласи синдикалниот лидер Матијевиќ.
Сојузот бара да биде ограничен бројот на ученици во едно одделение до 25, да биде одложен системот за финансирање на бројот на ученици до 2020 година, како и да биде воведено задолжително средно образование. Годишно во Сбија 7.000 ученици што завршуваат основно образование, не се запишуваат во средно училиште.