26 Април, 2024
0.0284

ССМ: НЕХУМАНО И НЕЧОВЕЧКИ Е ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА УЖИВААТ, а работниците да преживуваат

Објавено во: Економија 01 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Еден функционер со својата плата според новата пресметка покрива две ипол Синдикални минимални кошници или еден функционер по најновните пресметки вреди колку десетчлено семејство и истиот може со само една своја плата да покрие основни трошоци за двеипол семејни домакинства, а според пресметките за износот на Синдикалната минимална кошница на Министерот за економија, една фукционерска плата покрива три Синдикални минимални кошници. Ова го истакнуваат од Сојузот на Синдикатите на Македонија во нивната Фејсбук објава. 

Министерот за финансии нема да ја почитува Одлуката на Уставниот суд и нема да им исплати зголемени плати на функционерите за чија пресметка основната нето плата е единица пресметковен коефициент и се множи по просечна плата и платите ќе им ги зголеми само линеарно за 2.175 денари.

Владата продолжува со своите заложби да изнајде методологијата за пресметката на фукционерските плати и прво ќе бара системско решение за функционерите да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата кое се очекува да биде утврдено до декември оваа година по што нивните плати ќе бидат усогласени за 2.175 денари, а до тогаш функционерите ќе мораат да си веруваат сами на себе дека ќе го добијат усогласувањето на нивните плати - пишува во објавата на ССМ.

Пота посочуваат дека Синдикатите и работниците го имаат 1 мај, Меѓународниот ден на трудот кога го искажуваат своето незадоволство за нивните работнички права, а функционерите го имаат 1 април – денот на шегата кога нивните изјави и политики се реални и издржани.

- За жал, реалноста е сосема спротивна, односно, за фунционерите важат едни правила, нивните плати можат да ја имаат просечната плата како основна плата по која се множи коефициент на сложеност, а за работниците не смее ниту минималната плата да биде основна плата по која ќе се множи коефициент на сложеност.

Владата може да не почитува закони и колективни договори кога тоа значи зголемување и усогласување на платите на работниците, а мора да почитува закони и судски одлуки кога платите за фунционерите несразмерно се зголемуваат во сооднос со платите на работниците.

Нехумано и нечовечки е фунционерите да уживаат, а работниците да преживуваат!

Потсетуваме дека токму работниците ги бираат функционерите, а не обратно! - стои во нивната објава. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина