„ССКМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

Објавено во: Економија 23 Март, 2025 14:34
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на кои четири маркети се договарале како да влијаат на цените на производите преку картелско здружување. Во „Прелиминарното известување за утврдена фактичка состојба“ кое на 12 март го донесе на седница Комисијата за одлучување по прекршок при КЗК и е доставено до Сојузот на стопански комори, стои дека оваа комора не негира дека Сузана Јаневска и Сашо Дуковски дале неточни и нецелосни изјави на Антимонополска, пишува самопрашај.мк, каде може да ја прочитате целата вест.
Ваквото признание на ССКМ доаѓа откако на 21.02.2025 година Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Заклучок до Комората во кое се наведува дека при контролите на 7 и 11.02.2025 година било утврдено дека Јаневска и Дуковски зборувале невистина и се обиделе да ја доведат во заблуда КЗК.
По доставувањето на Заклучокот за поведување прекршочна постапка до ССКМ на 21.02.2025 година,
на 04.03 и на 05.03.2005 година Комората доставила до КЗК одговор и дополнување на одговорот каде што и признале дека двете лица од Комората не ја зборувале вистината.
Според Законот, Комората во рок од 15 дена, значи до 27 март, има право да се изјасни по наводите во ова Прелиминарно известување за утврдена фактичка состојба, да даде забелешки и да предложи изведување на докази со кои располага.
„Го прашавме Сојузот на стопански комори што очекуваат од ова признание и дали се надеваат дека со ова КЗК ќе биде поблага во казната и нема да им изрече максимална глоба од 1% од годишните приходи како што пишува во членот 61 (став 1 точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата. Одговор не добивме во предвидениот рок“, пишува медиумот.
Но, добиле одговор од Комисијата. „Оттаму велат дека документот што го објавуваме е веродостоен и дека со него се потврдува нашата констатација во претходниот текст дека ССКМ лажела во во овој случај. Но, од КЗК велат дека ваквото признание не води кон директно потврдување на вториот случај каде што освен ССКМ се истражува картелското здружување на четирите маркери. Според Комисијата ова е засебен случај кој сè уште се разгледува.“ пишува самопрашај.мк. Ако се утврди дека е направен прекршокот, четирите маркети и ССК ќе бидат казнети според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата или со 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ.
Можеби ќе ве интересира
Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ
