18 Декември, 2025
0.2894

СТАН, ДУЌАН, АВТОМОБИЛ: Тргнува караванот на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2014 08:16

Добивај вести на Viber

На 30 јуни, со директен пренос на МТВ 1 ќе се одржи седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на стан, деловен простор, автомобил и 150 вредносни ваучери. Неизвлечените коверти од второто, третото, четвртото, петтото и шестотото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, заедно со испратените коверти во текот на овие денови, ќе учествуваат во ова 7мото извлекување. Досега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на: Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петтото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија. Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот: Државна лотарија на Македонија Бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363 За наградната игра Фискална во рака – награда без мака И за ова коло, Државна лотарија на Македонија подготвува караван кој ќе започне во вторник 17 јуни, па се до недела, 29 јуни. Ова ќе биде караван со најголема покриеност на градови низ Македонија досега. Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија,  промоцииите ќе се одвиваат од 11:00 до 18:00 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО. Распоредот на локации по датуми е прикажан подолу:

Вторник 17.06       

КУМАНОВО пред продажно место КЕОПС,

КРАТОВО  пред ТОБАКО ДАРМИС ДООЕЛ и

КРИВА ПАЛАНКА пред продажно место ТЕДИ АН РИО

Среда 18.06         

ВЕЛЕС пред ЛОТО77, 

 ШТИП пред продажно место Тутун Пром 

Четврток 19.06      

КОЧАНИ пред АНАФИЛ и

ВИНИЦА пред ВИ ВАРДАР

Петок 20.06           

СВЕТИ НИКОЛЕ пред ВЕНМАРК ДООЕЛ  и 

ПРОБИШТИП  пред продажно место ЛИЛА ЛОТО

Сабота 21.06.

БИТОЛА пред ВАГАБОНД  и пред ПЛАНЕТ во стара чаршија во Битола

Недела 22.06

ГЕВГЕЛИЈА - пред МОНТЕ МК и

 ДОЈРАН пред ЏИНОВ МГ

 

Вторник 24.06       

СТРУМИЦА пред ВАТКОС и

РАДОВИШ пред АЛ ВИТО  

Среда 25.06           

КАВАДАРЦИ - пред ДО ВИ и

НЕГОТИНО пред КОРЗО

Четврток 26.06      

КИЧЕВО пред БОБИ ДОМИНАТОР и

ДЕБАР пред АГНЕСА

Петок 27.06           

ГОСТИВАР пред ЈОТОН СРЕЌА и

ТЕТОВО пред БАРТОН

Сабота 28.06.

ПРИЛЕП пред ТОБАКО Плус 

Недела 29.06

СТРУГА пред КИКИ ТВИНС и

ОХРИД пред ПРАГМА ТРЕЈД

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“