17 Мај, 2024
0.0262

„Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција

Објавено во: Балкан 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Синоќа рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција длабоко во т.н. територија „ѓубре“ (рејтинг на висок ризик ), повикувајќи се на влошените економски услови како резултат на долгите преговори меѓу земјата и нејзините кредитори.

Подолго време Грција останува во јалови преговори со кредиторите од ЕУ и ММФ во врска со потребните економски реформи и ризикува да ја загуби монетарната ликвидност во рамките на следните неколку недели, ако не успее да постигне договор кој ќе отклучи  нова итна финансиска помош.

„Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција до "ССС +" од "Б-", истакнувајќи дека земјата се повеќе зависи од поволните бизнис, финансиски и економски услови, и да се позанимава со своите финансиски обврски.

Сепак рејтинг агенцијата очекува дека грчката влада се уште има можност да продолжи да ги исплаќа платите и пензиите во готово, иако фискалните приходи слабеат. Но, таа предупреди дека без длабоки економски реформи или дополнително олеснување, државниот долг и другите финансиски обврски на Грција ќе бидат нестабилни.

Според „Стандард енд пурс“ грчката влада ќе остане без готовина до 12 мај, ако не биде постигнат договор, бидејќи тогаш Грција треба да изврши последователно плаќање кон ММФ за 760 милиони евра. Во јуни и претстои големо плаќање и кон ЕЦБ во износ од цели 3,5 милијарди евра.

Вчера германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека нема изгледи за постигнување на договор со Атина за листата на економските реформи на претстојната на 24 април средба на министрите за финансии од еврозоната (на Еврогрупата) во главниот град на Латвија Рига.

Освен што го намали кредитниот рејтинг на Грција, „Стандард енд пурс“ го постави новиот рејтинг на земјата под „негативна перспектива“, што значи дека може да следи ново негово намалување во рамките на следните 12 месеци.

Минатиот месец рејтинг агенција „Фич“ го намали рејтингот на Грција до "CCC" од "B", додека рејтингот, определен од Агенцијата „Мудис“ за сега останува на ниво од "Caa1".

И трите агенции го зголемија слабиот кредитен рејтинг на Грција минатата година, бидејќи тогаш економијата на земјата покажуваше почетни знаци дека стапнува на нозете по шест последователни години на тешка рецесија.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години