Добивај вести на Viber
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс (Standard & Poor`s) го зголеми долгорочниот рејтинг на Кипар во странска и домашна валута до ниво CCC+ од SD или делумен банкрот, соопшти ИТАР-ТАСС.
Агенцијата го ревидираше и краткорочниот рејтинг на земјата со што го зголеми дo C од SD.
Покачувањето на рејтингот доаѓа по успешната замена на среднорочни државни обврзници во вредност од 1 милијарда евра. Операцијата за замена на долгот заврши во понеделникот.
Кипар, чии банки влегоа во криза поради поседување на обезвредени обврзници на Грција, во март се согласи на неповолна помош од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд од 23 милијарди евра со што беше избегнат банкрот на државата. Сега Кипар ги поднесува последиците од ваквите договори, но и од недомаќинското работење изминатите децении.