Станови: Македонците се повеќе се интересираат за елитните населби!
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2012 09:06
Соравија
Гранд престиж
Малку подолу од Водно, до поранешната фабрика Алумина, полека финишира изградбата на уште еден резиденцијален комплекс. Гранд престиж е насловот на објектот, а го гради градежната фирма Импексел 2. Комплексот содржи шест луксузни ексклузивни станбени згради со над 1.000 станови, паркови и детски игралишта од околу. За потребите на новиот комплекс општина Карпош предвидела изградба на две нови сервисни улици.
“Свесни сме дека е ова мегаломански проект, но веруваме дека ќе ги продадеме становите, затоа што не сме многу скапи, а се наоѓаме на одлична локација. Околу 25% од становите уште во изградба ни се продадени и целосно платени“, вели Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2.
City View Resort
На другата страна на падините на Водно, во Сопиште, се гради уште еден станбен комплекс со примат на луксузен. Инвеститор е фирмата Мартинили а комплексот е наречен City View Resort . Објектот содржи две станбени згради со вкупно 72 екслузивно опремени станови. Ресортот, според објавата на веб страната нуди, теретана, подземен гаражен простор, пешачки патеки..
Ента Сеал
Во групата на ексклузивни резиденцијални градби се вклопува и комплексот кој се гради на самиот кеј на Вардар, наречен Ента Сеал на инвеститорот Алеант. Комплексот е сместен на површина од околу 7.000 метри квадратни, а становите се распоредени во седум влезови, во два објекти. Секој од апартманите, меѓу кои има двособни, трособни, четворособни и апартмани на две нивоа, ќе има сопствено греење и ладење.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





