Станува ли проѕирно дека ЕУ не не сака во своите прегратки?
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2021 07:45
Европската Унија успеа да договори огромни фондови, буџети и реформи на клучните политики кои ќе ја обликуваат иднината на блокот во наредните години, ако не и децении, а не успеа да ја убеди една Бугарија дека не треба да го кочи приемот на Македонија.
По последните самити се повеќе е очигледно или подобро кажано веќе стануваат проѕирни намерите на ЕУ да го сопре процесот на проширување со нови земји членки. Како да недостасува ков на политичари кои јасно ќе кажат дека Европа мора да се проширува со конечно интегрирање на Западен Балкан.
Проблемот е во Бугарија, или многу подлабоко?
Последното бугарско вето го донесе најголемото разочарување, не толкуод источниот сосед колку од самата Европска Унија која се повеќе гогуби образот и легитимитетот пред македонската јавност. Скептицизмот есе поголем и се повеќе директно се критикува дека ова е всушностпроблем на самата ЕУ, а не на Бугарија. Дека вистинскиот кочничар еБрисел кој проширувањето го држи во живот само декларативно, а безвистински исчекор за прием на земјите од Западен Балкан. Може ли ЕУ дани биде вистински и искрен партнер ако продолжи оваа политика наблокади и маргинализација на дното на Европа?
„Ниската поддршка за проширувањето на ЕУ меѓу државите членки секако креира плодна почва за пречки во процесот, како што е ветото од Бугарија. Очигледно е дека целокупната политика на проширување е во криза и тоа несомнено ќе ја намали довербата во регионот во Унијата како вистински и искрен партнер“ посочува Симонида Кацарска директор на Институтот за европска политика.

Бесмисленоста на наоѓање решение на бесмислен спор
Што може да направиме ние во една ваква тешка состојба освен повторнода се покориме на максимата „прво решете го спорот со соседот“ па ќеви дадеме членство. Тоа повторно како и со Грција ќе значи новнационален компромис, но овој пат директно ќе биде загрозенмакедонскиот идентитет преку јазикот и националната историја. Дали таажртва вреди само за да се започнат преговорите за членство?
„Од наша страна треба да бидеме свесни дури и да најдеме решение за почетокот на преговорите, оваа тема ќе не следи и понатаму во преговорите, а ние во реалност, простор за компромиси немаме. Сигурно постои простор за дискусија на историски теми, како и учебниците, но тоа мора да биде преку поширока платформа, која нема да ги опфаќа само нашите две земји. Во однос на останатите историски прашања исклучително значајно е да се изгради и коалиција со државите членки на ЕУ кои имаат поголем сензибилитет за овие теми и да работиме на тоа да го прикажеме овој „спор“ како европски, а не билатерално прашање“, смета Кацарска.
Постои одредено уверување дека оваа влада ќе најде некаков компромиссо Бугарија или ако бугарската страна навистина сакаше да не одблокирадосега некаква формулација веќе ќе беше прифатена, но таква желба немаво Софија. Како со кршење на основните европски вредности, со ваквалицемерност и ултиматуми може да се гради европска иднина наМакедонија и Западен Балкан?
„И покрај екстремните позиции на Софија кои го поткопуваат европскиот поредок во темелите, Бугарија има позиции на својот парламент од кои тешко ќе отстапи и кои се крајно неприфатливи за нас. Прашањето уште од усвојувањето на тие позиции несомнено е како да се обезбеди некое решение кое ќе и обезбеди аргументи на бугарската страна дека нешто испорачала. Другата опција е да се надеваме на прогресивно лидерство во Бугарија кое ќе биде спремно да прифати дека на дел од нивните барања не им е местото во политичкиот простор. Во меѓувреме, несомнено ударот на кредибилитетот на ЕУ во регионот е голем и ќе има далекусежни негативни последици“ заклучува Кацарска.
Кои ни се вистински партнери?
Барем едно нешто ни е сосема јасно. САД и натаму се наш клучен стратешки партнер. И со нивниот ангажман и целосно воден процес преку Преспа станавме членка на НАТО. Таа приказна е завршена, можеби не толку среќно за нашето домашно достоинство, читај промената на уставот и внатрешната употреба на името Македонија, но јасно е дека сме дел од поголемата слика.
Таква решителност засега нема кај европските партнери ако тие воопшто може да се наречат „партнери“. Германија која некогаш беше наш најголем сојузник во последните години од мандатот на ЕУ не си го изложи вратот на гилотина за „балканска милостина“. Наследството на Меркел е колку толку обединета Европа, со клучни договори за енергетика, животна средина, климатски промени, финасиска стабилност, заеднички пазар, земјоделска политика и последно фонд вреден 750 милијарди евра кои вонредно ќе се трошат за опоравувањето на земјите членки на ЕУ од последиците кои ги остави КОВИД-19 пандемијата.
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски





