07 Декември, 2025
0.0377

„СТАОРЦИТЕ НЕМА ДА ЧЕКААТ ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИ!“: Лекарите алармираат, на Скопје му се закануваат заразни болести!

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 12:27

Добивај вести на Viber

Во последниот период, Скопје се соочува со сериозен проблем со несобран отпад кој со денови стои околу контејнерите и јавните површини. Иако изгледа како комунален проблем, овој феномен има длабоки здравствени последици и претставува потенцијална закана за јавното здравје. Од медицински аспект, долготрајното присуство на ѓубре во урбаната средина создава идеални услови за развој на бактерии, вируси и паразити кои можат да предизвикаат сериозни заразни заболувања.

Докторката по семејна медицина д-р Даринка Чадиевска, вели дека органскиот отпад е богата подлога за микроорганизми како Salmonella, Escherichia coli и Clostridium perfringens, кои можат да се пренесат на човекот преку воздух, контаминирани површини или преку инсекти и глодари. 

„Еден од најчестите здравствени ризици во вакви услови се гастроинтестиналните инфекции, придружени со повраќање, дијареа и стомачни болки, но постои и опасност од појава на вирусен хепатитис А и други заразни болести. Несобраниот отпад привлекува муви, комарци и стаорци, кои се познати преносители на различни патогени. Мувите можат да пренесат бактерии од ѓубрето на храната во домовите, додека стаорците се носители на лептоспироза и салмонелоза. Во летните месеци, високите температури го забрзуваат распаѓањето на отпадот и создаваат силен непријатен мирис, а инсектите се размножуваат со голема брзина, што ја зголемува можноста за појава на епидемии. Во зимските и дождливи денови, пак, водата што се меша со отпадот може да ја контаминира почвата и површинските води, создавајќи долготрајни ризици за здравјето и животната средина“, вели таа.

Според неа, отпадот нема само биолошки ризици туку претставува и хемиска закана.

Покрај биолошките ризици, несобраниот отпад претставува и хемиска закана. Во процесот на распаѓање се ослободуваат гасови како амонијак, метан и сулфурни соединенија, кои можат да предизвикаат иритација на дишните патишта, кашлање и влошување на хронични белодробни заболувања. Доколку дојде до палење на отпадот, се ослободуваат и токсични материи како диоксини и фурани, кои се штетни за здравјето и имаат долгорочни канцерогени ефекти. Живеењето во нечиста и загадена средина негативно влијае и на психичката состојба на луѓето. Непријатниот мирис, глетката на распаднат отпад и чувството на небезбедност предизвикуваат стрес, вознемиреност и општа незадоволност. Ова ја нарушува општата благосостојба и го намалува квалитетот на животот, особено во густо населените урбани средини“ вели таа.

Чадиевска потенцира дека проблемот со несобраниот отпад во Скопје не смее да се гледа како обична комунална потешкотија. 

„Тоа е јавно-здравствено прашање што бара итна и координирана реакција. Редовното собирање на отпадот, навремена дезинфекција на локациите и контрола на инсекти и глодари се основни мерки за спречување на зарази. Воедно, потребна е засилена јавна свест за хигиената и поголема институционална одговорност. Доколку не се интервенира навремено, Скопје ризикува да се соочи со појава на заразни болести, загадување на воздухот и водата и нарушување на здравјето на своите граѓани. Превенцијата мора да биде приоритет – затоа што секој ден задоцнување ја зголемува можноста за сериозни здравствени последици“, истакна таа.

Со реакција се огласи и д-р Никола Пановски, кој нагласи дека стаорците нема да чекаат втор круг на избори. 

„Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!!!

Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9.11.2025. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња. Значи и по евентуално чистење на градот за 72 часа по 20 дена, ќе имаме илјадници гравидни глодарки кои на свет ќе донесат десетици илјади младенчиња. Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе бидат многубројни и барајќи храна, ќе бидат крајно агресивни. Храната ќе ја бараат во нашите подруми и гаражи, а ако не ја најдат ќе ни влезат дома.

За болестите кои можат директно или индиректно да ги пренесат, прочитајте детално на постот кај колегата Ивица Апостолов, многу точно и коректно напишано.

Значи, апелирам до Владата, прогласете вонредна состојба, сметот почнете да го чистите веднаш!. МЗ, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје, Агенција за храна и ветеринарство, што правите, па вие сте платени да апелирате, да наредувате, да превенирате, не е тоа моја работа. Десетици платени специјалисти по хигиена, епидемиологија, микробиологија, ветеринари, каде сте? Воопшто не е важно дали сега е опортуно да молчите, да чекаме да се исполни ветувањето за 72 часа, аман веќе, побарајте итна акција од Владата, ако не ве слушаат излезете на улица“, напиша тој на социјалните мрежи.

Во меѓувреме некои од општините самоиницијативно побараа помош од другите општини за да ги исчистат населбите од насобраното ѓубре.

ВРАБОТЕНИ ВО КОМУНАЛНА ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ФАКТОР: „Плата беше дадена на нововработени од Сарај, парите се цедат преку сомнителни договори за интелектуални услуги

„СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА“: Владата побара да се испита работата на Арсовска и ЈП Комунална хигиена

Обвинителството го проверува работењето на „Комунална хигиена“, проверува и дали има евентуално кривично дело

Д.Т.

Фото:Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски