18 Декември, 2025
0.0911

СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА НА 1. ОКТОМВРИ: Уште еден месец распуст за децата, уште еден месец подготовки во училиштата

Објавено во: Македонија 27 Август, 2020 07:19

Добивај вести на Viber

Владата со конечна одлука, училишното ѕвонче ќе заѕвони на 1.окотомври, но само за децата од прво до трето одделенија, за останатите, почетокот ќе го означат копјутерите, лаптопите, паметните телефони, сета современа ИТ технологија. Но, властите уверуваат дека можно е постепено враќање на учениците во школските клупи ако состојбата и во текот на есенските месеци остане стабилна каква што е и во овој момент, бидејќи епидемиолошката крива речиси и да не прави големи осцилации.

Затоа, за да се овозможи враќање на учениците во училиште, Владата одлучи да формира работна група со претставници од двете министерствата, за здравство и за образование и од Кабинетот на премиерот, која ќе ја следи состојбата и ќе даде мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за реализирање на наставата во услови на епидемијата со корона вирусот, според барањата доставени од општините за организација на настава со физичко присуство. Сепак, за сега настава со физичко присуство може да бараат само оние училишта каде што бројот на ученици не надминува 20 деца и каде може да се обезбеди растојание од 1,5 метар. 

Инаку, во разговор за Фактор неодамна, предлог за почеток на учебната година да биде на 1.октомври даде поранешниот министер за образование Петар Атанасов кој смета дека дотогаш треба да се создадат сите услови, онаму каде што може, за безбедно одвивање на образовниот процес. Според него е изгубено драгоцено време за подготовка, бидејќи, како што потенцираше, летово никој ништо не работеше.

- Септември е доволно време за да се преземат сите мерки за да може наставата да почне непречено. Најважно од се е самите општини да се пребројат и со училишта и со ученици и да се произнесат како може да функционираат, бидејќи секоја општина е во различна фаза со епидемијата, изјави претходно за Фактор, Петар Атанасов.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија