СТАРТУВА ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 16 ГОДИНИ: Термини ќе добијат повеќе од 1.600 деца
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2021 08:36
Во понеделник ќе
почне вакцинацијата на децата, а веќе од денеска ќе се даваат термините на сите
кои се пријавени. Како што информираат од Министерството за здравство,
пријавени се 1.623 деца и тоа најглем интерес има во Скопје, па во Тетово.
Најмалку пријавени има во Кратово и во Македонска Каменица.
-Вакцинирањето на
децата ќе се спроведе во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле
при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и
тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 367, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и
„Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86,
Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38,
Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10
пријавени. Најмал интерес или по само еден пријавен има во Кратово и Македонска
Каменица, како и по двајца во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод. Децата од
12 до 16 години ќе се вакцинираат со Фајзер. Оваа вакцина во моментов е
единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното
упатство за оваа категорија деца за оваа возраст, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во здравствените домови ќе бидат достапни и педијатри за советување. Надлежните апелираат граѓаните да ја искористат можноста да се вакцинираат. Според нив, појавата на Делта сојот на коронавирусот покажува колку е важна вакцинацијата, со оглед на тоа дека таа штити од тешка форма на болест и од смрт.
Досега со две дози се вакцинирани 259.894 граѓани, а вкупно се аплицирани 700.193 дози.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




