18 Декември, 2025
0.0417

Стартува NISSAN Open 2014

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2014 15:48

Добивај вести на Viber

По три успешно организирани  хуманитарни тениски турнири на ТД  Кадис, оваа година за прв пат се одржува хуманитарниот тениски турнир  NISSAN Open 2014 во организација на компанијата Аутомотив Груп и тоа  во периодот од  23.06.2014 до 03.07.2014 во тенискиот клуб АБЦ.

Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хемато онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Апликациите за турнирот можат  да  се пополнат  on line на Facebook fan страната на NISSAN Macedonia како и сите заинтересирани да се запознаат  со официјалните пропозиции и  правила за игра.  Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории и тоа во единечна категорија и во категорија двојки. Оваа година учесниците освен тоа што ќе донираат исто така и ќе се натпреваруваат за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат  во генералниот застапник на светскиот тениски бренд BABOLAT во Македонија - ИНТЕКО.

И оваа година во турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три подкатегории: црвен, портокалов и зелен тенис .

Затоа, доколку сакате да се забавувате, а истовремено да бидете хумани, Аутомотив Груп Ве кани заеднички преку спорт и рекреација да помогнеме на најмладите и  да се заложиме за здрава и сигурна иднина.

Дознајте повеќе и пријавете се на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“