17 Декември, 2025
0.5277

Стартува рускиот Давос – економскиот форум во Санкт Петерсбург, каде сме ние?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2013 07:14

Добивај вести на Viber

Се е подготвено за старт на меѓународниот форум во Санкт Петерсбург. Манифестацијата започнува од денес и ќе трае до 22 овој месец. Оваа година на економскиот форум ќе учествуваат околу 5000 гости. Тие ќе разговараат за ситуацијата во глобалната економија. Меѓу другото, дискусиите ќе бидат посветени и на нови извори на економски  пораст. Рускиот Давос, како што го нарекуваат Петерсбуршкиот меѓународен економски форум, традиционално привлекува водечки политичари, економисти и бизнисмени. Меѓу бизнисмените кои ќе го посетат форумот оваа година се славни имиња како шефот на најголемите производители на алуминиум компанија „РУСАЛ“, Олег Дерипаска, сопственикот на „Северстал“ Алексеј Мордашов. Листата со врвни  менаџерски имиња ја заокружуваат и Герман Греф, претседателот на„Сбербанк“, претседателот на „Роснефт“ Игор Сечин и првиот човек на руски „Газпром“,  Алексеј Милер. Во Санкт Петерсбург ќе има интересни дискусии и на самитот и на маргините Угледниот состав на форумот гарантира занимливи и корисни дискусии, вели ректорот на Руската економска школа Сергеј Гуријев, за Гласот на Русија. „Обично разговорите излегуваат многу интересни, како на самиот форум, така и во кулоарите. Традиционално на форумот настапува и рускиот претседател, практично во полн состав доаѓа целата влада и најголемите руски бизнисмени. Во таа смисла разговорите се повеќе од интересни“, вели Гуријев. Лани на форумот беа склучени 80 бизнис зделки во вредност од 10 милијарди долари Главна тема на форумот оваа година ќе биде Глобалниот економскиот пораст. За да економскиот развој на меѓународната економија е стабилен, учесниците на форумот мора да бараат избалансиран приод на мерките за решавање на должничките проблеми и стимулирање на порастот, коментира за Гласот на Русија, директорот на Економскиот институ „РАН“ Руслан Гринберг. Помеѓу останатото форумот во Санкт Петерсбург не е само повод за разговори за глобализацијата, туку и да се приближат ставовите за главните економски проблеми. Минатата година на форумот беа потпишани повеќе од 80 бизнис зделки во вредност од преку 10 милијарди долари. Македонија во Санкт Петерсбург очекува да потпише договор дека е дел од Јужен поток Министерот за финасии, Зоран Ставрески минатата недела најави дека деновиве ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен поток. „Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек“, изјави минатата недела министерот за финансии Ставрески. Сепак, според она што е прелиминарна листа на договори кои треба да се потпишат на форумот (http://www.forumspb.com/sections/13/materials/151) сеуште го нема најавено договорот, кој според Ставрески Македонија треба да го потпише со Русија за вклучување на земјата во проектот Јужен Поток. Ќе биде ли Македонија дел од самитот во Санкт Петерсбург? Според најавите од она што е достпано на интернет страницата за форумот во Санкт Петерсбург (http://www.forumspb.com/sections/11/materials/158) не може да се забележат македонските претставници. Од регионот од она што Фактор успеа да го забележи како учесник може да се најде единствено името на хрватскиот министер за економија Иван Врдољак. Како и да е, Санкт Петерсбург од денес ќе биде во центарот на политичко-економските збиднувања. И годинава на економскиот самит во „рускиот Давос“ се очекува да се собере дел од светската политичка и бизнис елита. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје