СТАТИСТИКА: Помалку патници во возовите, повеќе во авионите
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 13:02
Опаднал бројот на патници кои се превезуваат со воз, а патувањето со авион е се попопуларно.
Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 5.2%, во градско-приградскиот превоз за 8.4%, во железничкиот превоз за 54.0%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9.4%.
Овие податоци се наведени во соопштение на Државниот завод за статистика.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градско-приградскиот превоз е зголемен за 28.3%, во патничкиот превоз е намален за 1.7%, во железничкиот превоз за 1.8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 28.0%.
Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9.1%, во железничкиот превоз е намалено за 2.1%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 7.8 %.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 36.7%, во воздухопловниот превоз за 14.0%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5.6%.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




