СТАТИСТИКА: Во 27 градови има намалување на бројот на новозаболени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Декември, 2020
Бројот на заболени од коронавирусот во последните 7 дена е намален за околу 11 отсто.
Во 27 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во 2 градови се забележува минимално.
Во извештајот на ИЈЗ стои дека во периодот од 7-13 декември се направени само 9,2 отсто помалку тестови во споредба со минатата недела. Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Штип со повеќе од 5.800 на 100 илјади жители, во Скопје 5.100 и во Свети Николе над 4.700. Најголем број на заразени и натаму има во Скопје каде во рок од една недела близу 2.300 лица се позитивни или над 41 отсто од вкупниот број.
Најголем број случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Велес, Битола и Штип, додека најголема смртност има во Струга, Штип, Крушево, Охрид и Прилеп. Највисок леталитет е забележан во Крушево и Струга.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.