СТАТИСТИКА ЗА ЖИВЕАЛИШТАТА: Колку соби имаат на располагање европските, а колку македонските граѓани?
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2025 07:23
Македонските граѓани за разлика од Европејците во своите живеалишта во просек имаат помал простор на располагање. Европските граѓани имаат по 1,6 соби по лице ако цениме според податоците на Евростат за 2023 година.
За споредба, резултатите од Пописот 2021 покажуваат дека просечната станбена површина по лице во Македонија е 30.1 м2. Во земјава статистички едно лице има на располагање една соба во домот. Тоа го констатира и Евростат, па така од 1 соба во 2017 година, македонските граѓани имале резултат 1.2 во 2022 година, а во 2023 резултатот бил 1.1 соба.
„Се чувствува во Македонија дека луѓето немаат доволно простор во домовите. За четиричлено семејство е потребен стан од 80 квадрати“, велат од охридска агенција за недвижности.
Кога купуваат недвижен имот, луѓето често земаат помала квадратура од посакуваната.
„Кога купуваат имот, луѓето се мислат меѓу еднособен, двособен или трособен стан. Еднособен им е мал, а трособните се од 65 до 75 квадрати. Не можат луѓето да си дозволат да купат дом со соодветна квадратура“, додаваат од битолска агенција за недвижности.
Полоши од Македонија се Црна Гора и Албанија со 0.8 или 0.9 соби по лице во последниве години. Статистиката за Србија покажува 1.1 соба по лице. Словенија има просек од 1.6 соби по лице последниве години. Романија пак е слаба со резултат од 1.1 соба по лице. Слична е состојбата во Полска и Латвија.
Кипар, Малта, Холандија, Норвешка се земји каде просечно едно лице има по 2 или нешто повеќе од две соби на располагање. Таков резултат имала и Британија. Финска последниве години е со просек од 2 соби по лице, а во Шведска просекот е 1.8 или 1.7 соби. Во Швајцарија просекот се движи од 1.8 до 1.9 соби по лице.

Во ЕУ во 2023 година, 51,7 отсто од населението живеело во куќи, додека 47,7 отсто живееле во станови, а 0,6 отсто живееле во други сместувачки капацитети. Куќите се најзастапени во две третини од земјите на ЕУ. Тука предничи Ирска со 90 отсто население кое живее во куќи, по што следуваат Холандија (79 отсто), Белгија и Хрватска (и двете со 77 отсто). Највисоки удели на станови се забележани во Шпанија (66 отсто), Латвија (65 отсто, податоци од 2021 година), Малта (63 отсто) и Германија (61 отсто).
Oд година во година процентот се менува, но Евростат за Македонија објави дека мнозинството граѓани живеат во куќи, а помал е бројот на оние кои се во станови.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




