Статистиката ќе ја обележи 2012 та како најлоша инвестициска година!
Објавено во: Економија 01 Декември, 2012 08:30
Овој пад на странските директни инвестиии е сериозен аларм ако се земе во предвид дека минатата година во првите три квартали имало 231, 2 милиони евра додека годината завршила со вкупни странски инвестиции за сума од 336,7 милиони евра. Експертите сметаат дека позначајното одлевање на инвестициите се должи на тоа што странските компании ги одлеваат профитите од земјава, иако се очекуваше таквиот тренд да заврши со вториот квартал. Странците неодамна на конференција во Скопје се пожалија дека клучни пречки за повеќе инвестиции се тешката наплата на долговите, бавната администрација, лошата инфраструктура и несоодветното применување на законската регулатив. Сепак велат тие Македонија може да биде добро место за инвестирање бидејќи има ниски даноци. Претставувајќи ги инвестициските можности на Македонија, премиерот пред неколку дена во САД рече дека според извештајот за „Плаќањето даноци“ во 2013 година на реномираната „Прајсворхаус Куперс“, земјата е рангирана на 24. позиција на најпријателски настроени земји во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите. Исто така, рече премиерот Груевски, пред неколку дена „Форбс“ објави дека Република Македонија е второрангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното окружување, по Словенија, но многу позиции пред Бугарија и Романија.
- И покрај кревкиот економски растеж на европскиот континент и генералниот пад на странските инвестиции, во последниве две години им посакавме добредојде на инвестициите на „Џонсон Контролс“ и „Кемет електроникс“, „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмајер“, „Виндтек Интернешенел“, „Протек Групацијата“ и многу други компании. Во моментов, многу сериозен интерес за инвестирање изразија компании од САД, Кина, Индија и Катар, што за нас е силна потврда дека сме на вистинскиот пат, на патот на економскиот просперитет, нагласи Груевски.
Според него, овие успеси не се случајни, туку плод на длабоките и суштински реформи што ги спроведе Владата на Република Македонија во изминатите шест години.
Засега статистиката не е на страната на Владата, но останува да се види што можат да донесат последните три месеци од годинава, иако, според експертите поголемо придвижување нанапред ќе се смета за изненадување.
Ј.Ј.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





