Ставрески: Банките да направат напор, да најдат добри клиенти
Објавено во: Економија 12 Август, 2013 14:09
Доволно ликвидни средства имаат банките во Македонија за да кредитираат. Треба да направат напор, да најдат добри клиенти, не само да чекаат тие да им дојдат, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Растот на кредитите во Македонија, како што оцени во синоќешното интервју за МТВ, е нешто подобар од оној во регионот, но недоволен.
Вицепремиерот смета дека за да има поголем пораст на економската активност, потребни се и повеќе кредити во стопанството.
- Засега главно кредитите што ги обезбеди Владата преку Европската инвестициска банка за малите и средните претпријатија се тие што се одобруваат на фирмите. Веројатно дел имаше објаснување во условите општи во Европа каде што тие не беа такви за да може да се продолжи со кредитната активност на начин како порано, но сепак банките треба да направат напор, да најдат добри клиенти, не само да чекаат да им дојдат добри клиенти. Еден дел од нашите мерки помогнаа да се намалат каматните стапки на пласманите на банките со самото тоа што ги намаливме каматните стапки на државните записи, Народна банка помогна во делот на инструментите на монетарната политика, ослободи дополнителна ликвидност за банките да ја пласираат, истакна Ставрески.
Тој изразува уверување дека есенва и следната година ќе има зголемена кредитна активност. Министерството за финансии и банките, нагласува, ќе продолжат да работат на тоа.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




