16 Јануари, 2025
0.1757

Ставрески инсистира на кредитот од Светска банка, опозицијата со став: Мора да заштедиме!

Објавено во: Економија 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески излезе со конкретен предлог до опозицијата, опозицијата го обвини за лажен конструктивизам. Ставрески побара од СДСМ  да не го кочат носењето на буџетот и да дозволат земање на кредитот од Светска банка,  а за да им докажат оти тие пари нема да се употребат за изборите, со посебен договор ќе се одложи нивното користење за по избори. „Денеска сакаме да предолжиме уште една работа, бидејќи освен СДСМ што го кочи донесувањето на Буџетот, го кочи и финансирањето на Буџетот, односно земањето на евтините средства од Светска банка кои се неопходни за финансирање на Буџетот за 2013 година. Притоа беа изнесени од нивна страна невистини дека тие ќе се користат пред избори за други намени и слично. И во таа насока за да се уверат луѓето од СДСМ дека тие средства не се наменети за тоа, туку за финансирање на Буџетот и дека и да немаше локални избори Република Македонија ќе требаше да ги земе тие средства, а за да не пропаднат средствата, бидејќи се под навистина извонредни услови со само 0,6 проценти камата за првите 50 милиони долари и 3,9 проценти вторите 250 милиони евра еве денеска им нудиме на СДСМ тие 250 милиони евра да ги ставиме на посебна сметка кај Народна банка. Во договорот што ќе го поминеме во Собранието, доколку се согласува СДСМ ќе стои дека тие средства не можат да се користат до завршување на изборите освен во делот на отплата на обврските кон странство вклучително и обврзницата. Ние сме подготвени да се договориме дека тие средства освен за отплата кон странство нема да се користат за други намени“, изјави Ставрески по лидерската средба на коалицијата „За подобра Македонија“. Предлогот на Ставрески е глумење на лажен конструктивизам, остануваме на својот став, 204 милиони евра да се заштедат и нема да отстапиме ни милиметар, а ако власта мисли без дебата сериозно да размислат“, велат од опозицијата. „Сите што протестираат надвор се платеници на ВМРО ДПМНЕ, и затоа ќе останеме до крај да се бориме за вистината. Не бараме кратење на капиталните инвестиции туку да се скрати од парите наменети за зградата на Зоран Ставрески и Миле Јанакиески, новите згради на Финансии и на Транспорт. Инаку, тие 3 милиони евра кои Ставрески ги најави дека е спремен да ги крати се помалку од еден хонорар на уметничката Валентина Стевановска, која го правеше споменикот на Александар и затоа тој предлог не го прифаќаме“, изјави Игор Иванов од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја