03 Јули, 2024
0.0269

Ставрески: Македонија има напредок во контролата на јавните финансии

Објавено во: Економија 29 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Македонија има направено значителен напредок во внатрешната финансиската контрола, но претстои период на поконкретна имплементација со цел Македонија да го достигне нивото на државите од регионот кои се членки на Европската унија, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната конференција за внатрешна финансиска контрола.

На конференцијата, на која беше презентирана Стратегијата за внатрешна финансиска контрола за следниот тригодишен период, вицепремиерот Ставрески нагласи дека во изминатиот период е постигнато многу односно воспоставена е правна и институционална рамка, а зголемен е и бројот на единици за внатрешна ревизија за шест пати, поточно од 24 сега има 150 единици на централно и локално ниво. Околу 70 отсто од институциите на локално и централно ниво основале независни единици за финансиски прашања согласно Законот за јавна внатрешна контрола.

- Во изминатата година во рамки на Министерството за финансии е формирана и финансиската инспекција што е уште еден сегмент во склопот на активности за подобро управување со јавните финансии. Верувам дека со ентузијазмот и квалитетот што го имаме во рамките на финансиската инспекција ќе ја оствариме целта, односно Република Македонија да биде пример за добро управување со јавните средства, рече Ставрески.

За да се постигне тоа, според Ставрески, значајни се и надворешната контрола и Парламентот соодветно да го следи буџетот и неговата реализација.

- Следниот период е фаза во која што задачата што е пред нас не е полесна отколку онаа што беше претходно. Преоѓаме во фаза на поконкретна имплементација на она за што досега доста време потрошивме, да се подготвиме и обучиме и да стекнеме искуства. Не дека и досега тоа не се правеше, но сега веќе треба посериозно да се направи исчекор во таа насока, рече Ставрески, додавајќи дека со заедничка работа на сите инволвирани страни може да се постигне прогрес и Македонија да биде на ниво на успешните држави од регионот.

Тригодишната стратегија за внатрешна финансиска контрола ја дава рамката во која ќе се движат реформите во следниот период.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца