17 Декември, 2025
0.3666

Ставрески: Раст на македонската економија за 2,9 проценти

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2013 15:45

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска оцени дека порастот на БДП за 2,9 проценти во првиот квартал од годинава е охрабрувачки знак за тоа дека македонската економија оди во добар правец. „Претходно истакнувавме дека има податоци како што се порастот на индустриското производство, инвестициите и градежништвото коишто укажуваа на тоа дека првиот квартал ќе биде добар и навистина се потврди дека имаме добар резултат посебно што во Европа во истиот период беше остварен негативен економски раст“, истакна вицепремиерот Ставрески. Коментирајќи го порастот на БДП за 2,9 проценти, Ставрески посочи дека македонската економија расте речиси со три проценти во услови кога во земјите во Европа има рецесија. „Да се надеваме дека во втората половина од годината и Европа ќе се стабилизира што ќе ни овозможи да оствариме добар економски резултат оваа година и да настојуваме следните години стапката да биде уште повисока“, рече вицепремиерот Ставрески. Според него, радува и тоа што во сите дејности има пораст на БДП што покажува дека порастот не е резултат само на еден или два сектори, туку на подобрата бизнис-клима која што овозможува во сите сектори да се остварат добри резултати. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во Бечиќи учествува на Самитот на министри и гувернери од регионот.      

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје