19 Декември, 2025
0.0778

Стефан Богоев: Граѓаните ќе се покајат што гласале за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ќе победиме во 2024

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2022 09:17

Добивај вести на Viber

Партискиот функционер на СДСМ, Стефан Богоев, во емисијата „трилинг“ синоќа рече дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е упорен со барање на предвремени парламентарни избори, бидејќи како што вели тој, знае дека до редовните во 2024 неговите градоначалници нема да сработат ништо.

- На ваков никаков перформанс на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ јас сум убеден дека на наредните избори во 2024 СДСМ сигурно ќе победи. И затоа Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 и сака вонредни. Додека се уште градоначалниците од неговите редови го живеат таканаречениот „меден месец“. Во првите пет-шест месеци граѓаните ве оставаат како градоначалник да видите каде сте, што сте, ви ги толерира пропустите и неисполнетите ветувања. Вие велите „има време до крајот на мандатот“, но за две години од сега, веќе ќе имате поминат повеќе од половина мандат од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш ќе се види неспосбноста и тогаш, за жал, граѓаните ќе се покајат за кого го дале својот глас на минатите избори, рече директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

Поранешниот градоначалник на Карпош додаде дека за власта би било прифатливо да се оди на предвремени парламентарни избори, но дека во тој случај четири месеци нема да може да се носат одлуки за справување со кризата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот