Стефанова: Не е точно дека имало претрес во мојот дом, не стравувам за својата иднина
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019 15:36
Обвинителката oд Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова на денешната прес - конференција, ги отфрли информациите дека имало претрес во нејзиниот дом, додавајќи дека не стравува за својата иднина.
„Не е точно дека имало претрес во мојот дом. Не стравувам за својата иднина и нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали Јанева треба да стравува“, изјави Стефанова.
Специјалната јавна обвинителката Катица Јанева вчера поднесе оставка, а се појавија и информации дека полицијата вршела претрес и во домот на Стефанова.
Стефанова во изјава за медиумите рече дека нема потпишано ниту една одлука за пуштање од притвор за осомничено лице, ниту пак за враќање на патните исправи.
„Сите одлуки секој спис кој ќе излезе единствено го потпишува Јанева и кога е отсутна овластува некој од обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука ни за пуштање во куќен притвор, ни за давање на патните исправи на Панделевски", рече Стефанова.
За тоа дали Јанева стравува за отворената истрага „Рекет“ од вчера, Стеванова ги упати медиумите да ја прашаат обвинителката дали таа стравува за таа истрага.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




