19 Декември, 2025
0.0420

Стефановска: Треба да има општествена и психолошка одговорност за насилството меѓу врсниците

Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 06:25

Добивај вести на Viber

Живееме во општество каде постои дисторзија на моралните вредности, вели психологот Христина Стефановска коментирајќи ги последните инциденти каде во Неготино во училиште девојче беше претепано од соученички, скандал имаше со ученици од истиот град кои беа оставени во Италија додека биле на екскурзија и случајот од пред неколку дена во Скопје во кој ученик прободе врсник со нож.

Стефановска вели дека насилството меѓу врсниците или познато како Булинг е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот преку интернет мрежите. Објаснува дека сето тоа е преточено како: вербален булинг со користење навреди, закани, и злобни и непристојни коментари, социјален булинг или повредување на нечија репутација и однос со останатите врсници, ширење лаги и наговарање на друштвото да отфрлат некого, физички булинг кој го инволвира физичкото насилство.

„Кога децата ќе направат некаква грешка, тие најчесто чувствуваат две морални емоции: срам и вина. Најефективен начин за да се реагира кога дете ќе се однесува лошо е да се покаже вистинско разочарување. Децата најдобро реагираат кога ќе видат дека нивните родители се разочарани. На ваков начин децата развиваат стандарди по кои го рангираат нивното однесување, развиваат емпатични чувства кон другите, развиваат морален идентитет и се тоа води до градење на една одговорна и грижлива личност. Ако сакаме нашите деца да се грижат за другите луѓе, подобро да ги научиме да чувствуваат вина отколку да се срамат, ако нешто не направиле како што треба. Тоа е уште еден факт, сè ни трга од семејството и семејните односи. Секоја форма на насилство треба да се пријави кај наставниците, психологот, директорот. Секој училишен психолог е должен да си изнајде решение за проблемот, да му помогне на детето кое го доживеало булингот и да ги подготви неговите родители како да се справат со стресната ситуација во која се наоѓа детето. Секако и разговор со детето-насилник и неговите родители за да се дознае причината за неговото однесување и да му се понуди помош“ – вели таа.

Порачува дека никако не смее да се затворат очи пред ваквиот настан со префрлање на вината помеѓу персоналот на училиштето. Според неа, работната обврска на секој наставник и психолог како и директор во училиштата е да помогнат на секое дете, кое поголемиот дел од неговиот ден го поминува во тоа училиште.

„Ваквата девијантна форма на однесување ако веќе завзема општествена форма на однесување тогаш и следи општествена одговорност на истата каде сите институции кои се засегнати треба да создадат мерки за корегирање на истата. Имавме религиозен морал, па социјалистички, па требаше да се етаблира и граѓанскиот морал. Она што ни се случува нам како општество е пад на моралните вредности, општествена криза, губење на авторитети и сликата за нив, најнапред од авторитетот родител, па потоа учител, професор итн. Прво, семејството не ни функционира, и најзагрижувачки, образовните институции, очигледно уште помалку функционираат. Резултат од сето тоа е изразена агресивност меѓу младите во земјава. Сè повеќе се губи т.е не постои ниту онаа граница на машко женски улоги, агресивноста и насилството е карактеристично подеднакво и за двете страни, дури во последно време кај девојчињата тоа е повеќе изразено“- објаснува Стефановска.

Инаку, трите малолетнички кои учествувале во бруталното тепање на соученичка во неготинското училиште ќе одговараат за насилство. Полицијата поднесе извештај до велешкото јавно обвинителство за инцидентот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот