Стејт Департментот ја честита победата и бара конструктивност
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 09:21
Американскиот Стејт Департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза.
Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби ги повика партиите што ќе ја формираат идната Влада да работат конструктивно и со опозицијата, на спроведувањето реформи кои се значајни за евро-атланската интеграција. Им честитаат на македонските граѓани кои го искористија своето право на глас на парламентарните избори на 11 декември.
„Исто така, ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи беа генерално почитувани. Одѕивот беше висок, а изборите беа спроведени на мирен и уреден начин, со неколку случаи на процедурални нерегуларности. Се приклучуваме кон загриженоста на овие две организации околу административната подготвеност за изборите и ја охрабруваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетот во Државната изборна комисија и да се разрешат структурните и правните прашања во врска со гласачките списоци. Сметаме дека овие избори се важен прв чекор за Македонија да излезе од политичката криза. Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформи кои ќе ја унапредат евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото“ - велат оттаму.
Ги уверуваат граѓаните на Македонија дека ќе имаат партнер во Соединетите Американски Држави при овие напори.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




