СТЕМПЛОЈАБИЛИТИ – ШАНСА ЗА НАЈДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2025 11:27
Како да се облечам, што да кажам, како да изгледам самоуверено? Дали мојата биографија ги исполнува критериумите што ги бара работодавачот и како да се претставам себе си во најдобро светло? Ги завршувате студиите и сте во потрага по прво вработување, но дали формално стекнатото знаење е доволно за да ја добиете работата од соништата? Што е тоа што не го научивте на факултет, а го бара бизнис заедницата? Едно е сигурно, - „Никогаш нема да имате втора шанса за да оставите добар прв впечаток!“ Започнете да делувате СЕГА!
Професионална биографија, поголема себепромоција и конкуретност на пазарот на трудот се ас во ракавот на тазе дипломираните студенти во потрагата по прво вработување, велат познавачите. Во услови кога светот се соочува со дефицит од работна сила, посебно во СТЕМ сегментот, а работодавачите инсистираат на работници со искуство, стекнувањето вештини кои се надвор од формалното образование е исклучително важно за идните кариеристи кои сакаат да бидат чекор пред конкурентите.
-Преку проектот STEMployability им помагаме на студентите да стекнат клучни знаења и вештини кои ќе им помогнат по завршување на факултетот да ја премостат првата препрека во кариерата, а тоа е успешно да најдат прва работа. – вели Жељко Зоричиќ, тренер на обуката.
За хрватскиот обучувач е парадоксално тоа што иако во светски рамки техничките и инженерски професии се дефицитарни работодавачите преферираат да ангажираат работник кој има искуство, што може да биде предизвик за младите баратели на работа. Затоа овие обуки го нудат токму тоа – создавање совршена шанса за добар прв впечаток.
-„Од обуката стекнав огромно знаење за изработка на CV и мотивационо писмо, како и за соодветното однесување на интервју за работа, вклучувајќи ги најчестите прашања и начини за нивно одговарање. Ова знаење беше пренесено на иновативен и интересен начин и ќе ми биде од голема корист во понатамошниот кариерен развој и во остварувањето на мојата работа од соништата“ – вели Петрушевски.
Досега се одржани 4 обуки, спроведени од хрватски и домашни тренери, а едукацијата ја поминаа 80-ина студенти. Станува збор за проект поддржан од Еразмус + програмата, наречен Stemployability и финансиран од Европската Унија.
-Обуките во рамки на Stemployability проектот ми претставуваат посебна гордост, бидејќи и јас дипломирав на Машинскиот факултет во Скопје и навистина е прекрасно чувството кога се враќам во истите тие простории, но овој пат, како обучувач за комуникациски вештини на идните млади генерации инженери. Крајната цел на проектот ни е зедно со колегата од Хрватска, да им помогнеме на студентите по инженерство да креираат професионална биографија, да бидат покомпетентни на пазарот на трудот и да се претстават себеси на што подобар начин за време на процесот на интервјуирање.“ – вели Татјана Величковска Стрезовска, обучувачка во проектот.
Првите тренинзи се оддржаа во октомври и ноември минатата година, вторатата сесија заврши на 28 февруари и на први март, додека последниот циклус предавања е закажан за 16 и 17 мај.
Повеќе информации и пријавувања за обуката може да добиете на страницата: https://stemployability.mk/
„ЗЕЛЕНА АГЕНДА“
Десетици млади садници го разубавуваат факултетскиот кампус по акцијата за пошумување, организирана во рамки на проектот Еразмус +. Професори, но и студенти ги засукаа ракавите и дадоа придонес во иницијативата за раззеленување на дворот. Зелената акција опфати отстранување на старите и суви дрвја, кои беа заменети со нови, млади садници.
Садењето на дрвцата се оддржа на 28 февруари, а имаше за цел да поттикне еклошки и оддржлив начин на размислување.
-„Со ова сакаме да покажеме дека во секоја активност има простор за зелени иницијативи и грижа за животната средина. Како составен дел од нашата програма за обука, учесниците ќе бидат активно ангажирани во создавањето на позелена површина околу инженерскиот кампус во Скопје“, велат организаторите на обуката.
*Пр објава
Можеби ќе ве интересира
ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.К. ОД ШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.441.290 ДЕНАРИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Samsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“
