Стипендии за балканските новинари
Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2013 16:12
Новинари со искуство од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија,Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, се поканети да аплицираат за седмата по ред „Balkan Fellowship for Journalistic Excellence programme“.
Секоја година, преку тој конкурс се избираат десет новинари кои ќе добијат финансирање и професионална поддршка да спроведат детално истражување на тема важна за регионот и за Европската унија.
Областа за истражување оваа година е „Интегритет“. Кандидатите кои ќе бидат избрани да земат учество во програмата од страна на независна комисија и ќе добијат стипендија во износ од 2.000 евра како и дополнителна финансиска поддршка во износ до 2.000 евра за покривање на патните и истражувачките трошоци.
На најдобрите три истражувања, независната комисија ќе им додели награди од 4.000, 3.000 и 1.000 евра. Завршните текстови ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици, во познати регионални и меѓународни медиуми.
Стипендиската програма е основана во 2007 година од страна на фондациите Robert Bosch и ERSTE, во соработка со Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, со цел промоција на новинарска извонредност и развиено прекугранично известување. Крајниот рок за поднесување на апликациите е петти март.
Формуларите за аплицирање, упатства и дополнителни информации за стипендијата се достапни на сајтот fellowship.birn.eu.com.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





