Сто новинари од Македонија ќе се вакцинираат во Врање: Посредувал кабинетот на Вучиќ, пријавување во МАН
Објавено во: Македонија 20 Март, 2021 20:20
Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска ги повика медиумските работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, преку своите матични редакции да достават листи на лица кои сакаат да се вакцинираат. Информираа дека на барање на МАН во соработка со сестринското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедиле вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.
Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година во Врање.
„Ќе се вакцинираат единствено лица кои ќе бидат официјално ќе се пријават до МАН.
Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.
МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година, стои во соопштението.
Пријавувањето е на официјалниот емаил:man.makedonija@gmail.com,Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




