Стојков: Бугарија даваше пасоши за вештачки да создаде впечаток дека постои бугарско малцинство во Македонија
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020 07:07
Соседна Бугарија почна сѐ почесто да го споменува фактот дека македонски граѓани поседуваат бугарски пасоши, при што се споменуваа бројки од 88.000 па до 120.000.
Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин вели дека Бугарија ги даваше овие пасоши со намера вештачки да содаде лажен впечаток за постоење бројно бугарско малцинство во Македонија и истото да го користи за да ја уценува Македонија.
„99 отсто од оние што зедоа бугарски пасоши не се Бугари, туку се луѓе што отидоа со овие пасоши да работат во Европа. Ако утре Македонија влезе во Европа, кој би побарал бугарски пасош? Поскоро луѓето ќе ги фрлат веќе земените. За жал Бугарија продолжува со планската антимакедонска политика, охрабрувана од пасивноста и попустливоста на македонските влади“, рече Стојков.
Посредниците за добивање на бугарски пасоши немаат точен податок во кој македонски град има најмногу жители со бугарски пасоши, но она што го тврдат е дека на истокот од државата, во пограничните градови можно е дури половина од населението да поседува пасош од источниот сосед. Велат дека оние кои кај нив се обратиле за добивање на пасош, првенствено мислат да си обезбедат сигурна иднина, а не мислат дека ќе дојде ден кога ќе имаат и реперкусии од оваа појава која трае со години.
„Бугарија како држава си има некој план со овие пасоши. Одредени земји не дозволуваат поседување на двојни државјанства, и ако утре се случи Бугарија да донесе таков закон, мислам дека половина од Македонците кои имаат бугарски пасоши ќе се откажат од македонското државјанство што секако е многу лошо сценарио“, вели посредник.
Ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88.540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши, беше соопштено месецов од бугарското МНР. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кажа дека покрај Вардарот живеат 120.000 бугарски граѓани. Повеќе од една деценија Македонците земаат бугарски пасоши, со цел да заминат на Запад. Во француските медиуми имаше новинарски текстови во кои се наведуваше дека Бугарија „дели“ пасоши на граѓани од соседството, со што во Европа би можеле да влезат и „опасни“ терористи со помош на овие пасоши.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




