СТОМАЧНИ ВИРУСИ СО ТЕМПЕРАТУРА И НАД 39: Некои состојби може да бидат многу опасни посебно за децата, педијатрот Андоновски со сите детали
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2022
Бројот на децата
во градинките е преполовен, не само поради фактот што многумина од граѓаните
веќе ги користат летните одмори, туку пред се поради заболување на најмладата
популација од стомачни вируси. Летните стомачни вируси, бактериските инфекции и
стомачните проблеми, како што во разговор за Фактор посочува д-р Ангелчо
Андоновски, специјалист педијатар, се секогаш многу поприсутни во летните
горештини, бидејќи храната побрзо се расипува, а како резултат на тоа се е
нарушува цревната флора.
-Високите температури се исклучително погодни за раст на бактерии и вируси во храната што ја користиме во нашата секојдневна исхрана. Летните стомачни вируси најчесто се манифестираат во поблага форма во вид на стомачен грип. Овие типови на инфекции главно доаѓаат однадвор преку контаминирана храна и вода, како и валкани раце. Симптомите на стомачни вируси се симптоми придружени со остра и продорна абдоминална болка. Благата малаксаност е исто така впечатлив симптом, како и треската. Често може да дојде до појава и на високи температури кои се и до 39,5 зависно дали се работи за стомачна инфекција која е од смесен карактер , вирус со бактерија или пак интоксикација со одредена храна со бактериски карактер која е доста силна и упорна , токму сега во текот на летото, вели д-р Андоновски.
Доколку симптомите како треперење, треска, дијареа или повраќање се влошат, д-р Андоновски посочува дека е задолжително одењето на лекар, бидејќи, како што вели, летните стомачни вируси , бактерии, можат да бидат многу опасни доколку не се лекуваат под надзор на лекар.
-Многу е важно да се напомене дека постоењето на компликации е дост чест манифестациски момент токму при оваков вид на стомачни проблеми каде е нарушена цревната флора а со тоа и имунолошкиот систем на секој човек. Основно нешто што мора да се направи се сите лабораториски испитувања за да не дојде до некаков пропуст во третманот, а со тоа и на самиот тек на болеста. Бактериското присуство треба да е највнимателно наблудувано, поготово кај детската популација , заради фактот на постоење и на таков тип на контаминација, туруење со храна кое може да е животозагрозувачко за најмладите, вели педијатрот. Бидете посебно внимателни доколку одреден здравствен проблем се заострува, побарајте помош кај најблискиот лекар, за да не дојде до влошување на одредена состојба, посебно ако се има проблем со појава на одреден стомачен вирус, бактерија или интоксикација со храна. Симптомите лесно може да бидат смешани и со појава на друго абдоминално страдање, вели д-р Андоновски.
Тој нагласува дека летните стомачни вируси може да се избегнат ако луѓето се придржуваат до основите на исхрана и хигиена во топлите денови.
-Познато е дека топлото време е најпогодно за размножување на вируси и бактерии. Затоа, мора да посветиме посебно внимание на хигиената - и на личната и на хигиената на просторот околу нас. Важно е да ги миете рацете што е можно почесто, и пред и после јадење. Тријте ги рацете со сапун најмалку 20 секунди за да ги одржувате рацете целосно чисти. Се препорачува секогаш да носите со себе средство за дезинфекција, доколку не можете да ги миете рацете со сапун. Дополнително, многу е важно да се води сметка за хигиената на садовите во кои се подготвува храна и од која се јаде, бидејќи бактериите многу често остануваат на садовите, доколку тие не се добро измиени. Мијте ги садовите само со топла вода. Внимавајте со храна која лесно се расипува. Храна како млеко, јајца, месо итн. се расипливи и се најголема причина за стомачни проблеми во летниот период. Затоа е од клучно значење термичка обработка на сите намирници за кои се знае дека се расипливи. Исто така, важно е подготвената храна веднаш да се јаде и да не се чува на температура во кујната повеќе од четири часа. Готвената храна треба добро да се загрее и да се спречи контакт со термички обработена и сирова храна. Покрај тоа, свежото овошје и зеленчук треба добро да се измијат пред употреба. Исто така, храната треба да се заштити од контакт со инсекти (особено муви) и животни. За ублажување на дијареа или повраќање, не јадете, мрсна храна кофеин, алкохол и слатки. Кога ќе ги почувствувате првите симптоми на стомачниот вирус, зголемете го внесот на вода и супа, бидејќи телото во тој период наеднаш дехидрира, па затоа најважно е да се надополни целата изгубена течност. Покрај хидратацијата на организмот, во овој период вклучете и намирници кои се лесно сварливи – тост, леб, варен компир, ориз итн. Од терапија препорачувам, пробиотик, антидиареик, медицински јаглен, спазмолитик, антиеметик, спазмолитик, симетикон, антипиретик, а во консултција со лекар и соодветен антибиотик, нагласува д-р Андоновски.
Анита Буховски
ФОТО: YouTube Print Screen* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.